Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамилтон: Никогаш не реков дека ќе се повлечам од Ф1

/

пред 1688 дена

Сподели преку :

Формула 1 тимот на Мерцедес денеска го промовираше новиот болид за сезоната 2022 година. На презентацијата беше присутен и Луис Хамилтон, кој ја даде првата изјава за медиумите по контроверзниот финиш на ланската сезона, кога ја загуби титулата од Макс Ферстапен буквално во последните моменти од трката.

Седумкратниот светски шампион најави дека оваа година ќе атакува на својата рекордна осма титула. Бидејќи целосно се повлече од јавноста по ланските случувања во Абу Даби, започнаа шпекулации дека Хамилтон размислувал за повлекување од спортот.

„Јас никогаш не сум кажал дека сакам да се повлечам од спортот. Го сакам она што го правам. Тоа беше тешко време за мене и едноставно ми требаше момент да направам чекор назад“, рече Британецот.

Оваа сезона Хамилтон ќе има нов тимски колега во таборот на Мерцедес, а тоа ќе биде Џорџ Расел, кој го менува Валтери Ботас.