Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хектор најбрза на велеслаломот во Кронплац

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

Швеѓанката Сара Хектор е победничка на велеслаломот што се возеше во Кронплац. Таа до третиот триумф сезонава стигна со 15 стотинки подобро вкупно време од Петра Влхова од Словачка додека третопласираната Французинка, Теса Ворли заостана половина секунда.

Со денешната победа во Кронплац, Хектор се зацврсти на првото место во редоследот за велеслалом со 462 бода, 95 повеќе од Ворли, а Микаела Шифрин заостанува 101.

Во генералниот пласман за Светскиот куп, Шифрин е на чело со 1026 бода. Влхова во досегашниот тек од сезоната има 1009 додека Италијанката, Софија Гоџа е трета со 769.