Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хендикеп за Македонија пред Ерменија: Димитриевски е позитивен на Ковид-19

/

пред 2223 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена за претстојните два дуели со Ерменија и Грузија во Лигата на нации, бидејќи ќе биде без првиот голман Столе Димитриевски. Чуварот на мрежата на шпански Рајо Валјекано нема да допатува во Скопје, бидејќи е позитивен на Ковид-19.

Тој ги добил резултатите од тестот синоќа пред да полета од Шпанија, кои за жал покажале дека има коронавирус. Димитриевски по втор пат е позитивен на Ковид-19 во последните 14 дена.

Селекторот Игор Ангеловски одлучи на негово место на голманската позиција дополнително да го повика Мартин Богатинов.

За стартно место помеѓу стативите за двата натпревари ќе конкурираат и Дамјан Шишковски и Дејан Илиев.

Од комбинација за настап на двата дуели отпадна и Даниел Аврамовски поради повреда. Фудбалерот на Кајсериспор претходно најави дека е повреден, но пристигна во Скопје на прегледи кај медицинскиот тим на репрезентацијата и утврдено е дека не може да игра.