Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цветковски и Петровска не ги минаа квалификациите на СП

/

пред 1749 дена

Сподели преку :

На Светското првенство во пливање во 25 метарски базен што се одржува во Абу Даби настапија двајца наши репрезентативци.

Во квалификациите на 50 метри пеперутка Стефан Цветковски на целта пристигна во време од 26 секунди и 12 стотинки и на крајот го освои 61. место во конкуренција на 84 натпреварувачи. Нашиот пливач беше дел од петтата квалификациска група во која го освои последното место.

Првата позиција во овие квалификации ја освои Дилан Картер од Тринидад и Тобаго со четири стоти дела подобро постигнување од Нилс Корстанје од Холандија додека Унгарецот, Себастијан Сабо зад најдобриот заостана шест стотинки.

На 400 метри слободно, Ева Петровска забележа време од 4 минути 26 секунди и 38 стотинки и на крајот во вкупниот пласман беше 38. од 45 учеснички во квалификациите.

Петровска во својата група беше претпоследна осма и беше побрза од Фатима Алкарамова од Азербејџан.

Најбрза во квалификациите во оваа дисциплина беше Бинг Јие Ли од Кина пред Анастасија Кирпичникова од Русија и Канаѓанката, Самер МенИнтош.