Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швајцарска доминација во Светскиот куп

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Лара Гут Бехрами триумфираше на женскиот супер велеслалом што се одржа во Сен Мориц додека велеслаломот во машка конкуренција му припадна на Марко Одермат.

Швајцарката до 33-тата победа во кариерата, а вкупно 17-та во супервелеслалом дојде со време од 1 минута 19 секунди и 82 стотинки.

Второто место и припадна на Софија Гоџа од Италија додека трета е Микаела Шифрин  По две одржани трки во супервелеслалом на чело со по 180 бода се Гоџа и Бехрами, а трета со 100 бода е Шифрин, која води во  генералниот пласман за Светскиот куп со 465 бода, 70 повеќе од Гоџа, а на третата позиција со 340 е Петра Влхова. Утре на програмата е уште една трка во супервелеслалом.

Швајцарската доминација денеска ја заокружи Марко Одермат кој во двете велеслаломски трки во Вал Д’Изер имаше вкупно време од 2 минути 12 секунди и 31 стотинки и за 59 стоти дела беше побрз од Алексис Пантуро, а на третата позиција се пласираше Мануел Фелер од Австрија.

Во редоследот за велеслалом води Одермат со максимални 200 бода пред Пантуро со 125 и Жан Крањец од Словенија со 86. Швајцарецот е лидер и во генералниот пласман со 446 бода, а втор со 310 е Матијас Мајер од Австрија.