Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јувентус најнеубедлив првак на Италија

/

пред 2253 дена

Сподели преку :

Јувентус ја освои деветтата едни по друго титула во Италија, а вкупни 36-та во историјата. Старата дама сезонава собори неколку неславни рекорди, а последниот е дека според статистиката оваа сезона Италија го има најнеубедливиот шампион.

Јувентус во првенството кое беше прекинато поради пандемијата со Ковид 19 забележа 26 победи, пет нерешени резултати и седум порази, постигнувајќи 76 погодоци, а голманите беа совладани вкупно 43 пати што исто така е најлош скор во последниве шест децении.

Јувентус вкупно загубил 21 бод и го надмина рекордот на Рома од сезоната 1982/83. Но, за клубот и навивачите најважно е што триумфалната низа продолжи и тоа е подвиг што не и успеал на ниту една екипа во Италија, а сега избраниците на Маурицио Сари ќе се фокусираат на настапот во Лигата на шампионите со надеж дека на домашен терен ќе успеаат да ја надминат негативата од еден гол што ја имаат по првиот осминафинален дуел со Лион.