Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австралиско финале во машки двојки

/

пред 1711 дена

Сподели преку :

По пауза од 42 години за прв пат во Мелбурн во финалето на двојки во машка конкуренција ќе се сретнат домашни тенисери. Ник Кириос и Танаси Кокинакис кои на турнирот влегоа по покана од организаторот ќе се борат за трофејот откако во полуфиналето во два сета ја совладаа Аргентинско-шпанската комбинација Хорасио Себаљос и Марсел Гранољерс.

Противници ќе им бидат Метју Ебден и Макс Пурсел кои беа поуспешни од вторите фаворити Американецот, Раџив Рам и Џо Сејлсбури од Велика Британија.

Кај дамите Бразилско-казахстанската двојка Неатриз Хадад – Ана Данилина направи огромно изненадување совладувајќи ги вторите носителки Шуко Аојама и Ена Шибахара додека во второто полуфинале првите фаворитки Барбора Крејчикова и Катерина Синаикова триумфираа над Руско-белгиската двојка Вероника Кудерметова – Елис Мертенс.