Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Агуеро ќе биде подготвен за дуелот со Ливерпул

/

пред 2161 дена

Сподели преку :

Пред дуелот на двата најдобри тима во последниве сезони во Англија, Манчестер Сити и Ливерпул, тренерот Жозеп Гвардиола можеби ќе има еден проблем помалку во составувањето на тимот бидејќи постојат големи шанси на располагање да го има напаѓачот Серхио Агуеро.

Во моментов Гвардиола не може да смета на ниту еден класичен напаѓач бидејќи поради повреди надвор од конкуренција покрај Аргентинецот е и бразилскиот репрезентативец Габриел Жезус.

Агуеро се повреди пред една недела на дуелот против Вест Хем и првите прогнози на лекарите беа дека тој ќе биде надвор од терените најмалку три седмици, но рехабилитацијата очигледно оди подобро од предвиденото и постојат големи шанси аргентинскиот репрезентативец да биде во стартната постава за соочувањето со ривалот од Енфилд.