Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алушовски го одреди тимот за новата сезона

/

пред 2252 дена

Сподели преку :

Во текот на подготовките за новата сезона,тренерот на Вардар имаше на располагање и неколкумина млади играчи а дел од нив не се најдоа во тимот за новата сезона.Тренерот Стевче Алушовски избра 21 ракометар а во првиот тим ги остави пивотменот  Давид Гашоски како и бековите  Мартин Карапалевски и Давид Ставревски. Другите кои тренираа во досегашниот дел од подготовките  со првиот тим, се отстапуваат во Работнички, наследникот на Вардар јуниор каде тренер е Стојан Петрушевски.

Подготовките на тимот продолжуваат во Скопје.Вардар нема да патува на турнирот во Кањижа кој е откажан поради состојбата со Корона вирусот во Србија.Планираните контроли со Пик Сегед и Нексе на турнирот во Војводина,Вардар  ќе се обиде да ги замени со други противници.Турнирот во Струга од 12 до 16 август  засега останува   можност за проверка на сработеното на тренинзите пред реваншот со хрватски Нексе за место на Ф4  турнирот во Сеха лигата.

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски, Робин Кантагрел, Марко Кизиќ

ПИВОТИ: Стојанче Стоилов, Глеб Калараш, Давид Гашоски, Патрик Валчак

КРИЛА: Димитар Димитриоски, Тимур Дибиров, Гоце Георгиевски, Иван Чупиќ

БЕКОВИ: Мартин Карапалевски, Кристијан Дисингер, Филип Талески, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски, Марко Вујин, Јосип Векиќ, Давид Ставревски, Ловро Јотиќ, Марко Мишевски