Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борусија Дортмунд со загуба од 45 милиони

/

пред 2286 дена

Сподели преку :

Поради пандемијата спортските клубови се соочуваат со големи финансиски проблеми, а последен кој пријави неативно салдо е Борусија Дортмунд.

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд објави дека во изминативе месеци од почетокот на пандемијата е во загуба од 45 милиони евра. Најголем удел во негативното салдо има играњето пред празни трибини во продолжението од шампионатот како и намалените приходи од продажбата на сувенири.

Дел од загубата ќе се покрие со намалувањето на платите на фудбалерите, а најголем удел во санирањето на финансиската состојба ќе има продажбата на некои фудбалери кои се атрактивни за клубовите од Европа. Борусија во сезоната 2018/2019 пријави профит од 17,4 милиони евра.