Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар му врачи отказ на Вујовиќ

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Веселин Вујовиќ од денеска не е тренер на двојниот европски првак Вардар. Раководството на клубот реши да ја прекине соработката откако “црвено-црните” во Лигата на шампионите имаат катастрофална низа од седум порази, а по последниот во соочувањето со Загреб е загрозен и пласман во елиминациската рунда од елитното натпреварување.

Според неофицијални информации во конкуренција за наследник на Вујовиќ се тројца тренери. На листата се наоѓаат имињата на Урош Зорман, Славко Голужа и Давид Дејвис.

На денешниот дуел против Охрид екипата ја водеа досегашните помошници на Вујовиќ, Владо Недановски и Стојан Петрушевски.