Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар по одмазда кај Нексе за поразот во првото коло во СЕХА

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Вардар продолжува со згуснатиот распоред на натпревари. Вечерва гостува кај Нексе во рамки на СЕХА-лигата.

„Вардарци“ по сензационалната победа на гостувањето кај Монпелје во средата од 25-28, денеска им се враќаат на обврските во регионалното сеха-натпреварување и тоа на гости во Нашице кај Нексе. На првата меѓусебна средба во Скопје, хрватскиот тим славеше со минимални 24-25. Тренерот Давид Дејвис можеби ќе ротира со составот повеќе од вообичаено, особено што тимот има уште еден натпревар и тоа во недела против Тиквеш на гостински терен во домашното првенство.

„Чувствувам дека по победата во Монпелје сега играчите веруваат многу повеќе во новиот систем на игра што се обидуваме да го имплементираме. Мораме да бидеме целосно фокусирани против Нексе ако сакаме добар резултат“, вели тренерот Давид Дејвис.

По поразот од Нексе, Вардар е во серија од пет победи по ред, против Војводина во СЕХА, Пролет и Прилеп во Суперлигата и последниот со Монпелје.