Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Варди најдобар стрелец, неславен рекорд на Вулверхемптон

/

пред 2259 дена

Сподели преку :

Лестер не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но напаѓачот Џејми Варди со 23 погодоци беше најефикасниот фудбалер во Премиер лигата сезонава и влезе во историјата на ова натпреварување.

Варди со 33 години е највозрасниот стрелец во елитната англиска лига и го симна од тронот Дидие Дрогба кој во сезоната 2009/2010 беше најдобар стрелец со една година помалку. Воедно Варди е вториот Англичанец кој во 21 век ја освојува златната копачка откако во 2016 и 2017 година најдобар стрелец беше Хари Кејн од Тотенхем.

Фудбалерите на Вулверхемптон сезонава не успеаа да се пласираат во некое од европските клупски натпреварувања, а на крајот од сезоната забележаа и еден неславен рекорд. Екипата на 38 натпревари постигна вкупно 51 погодок, а меѓу стрелците нема ниту еден фудбалер од Англија.

Вулверхемптон е петтата екипа во Премиер лигата по Стоук, Арсенал и два пати Фулам кој успеа да го повтори овој неславен подвиг.