Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ГАСЛИ СО Ф1 ПРВЕНЕЦ НА МОНЦА,ГРЕШКА НА ХАМИЛТОН,ДЕБАКЛ НА ФЕРАРИ

/

пред 2218 дена

Сподели преку :

Осмата трка од сезоната донесе историски триумф за тимот на Алфа Таури и прва победа за Пјер Гасли.25 годишниот французин ја искористи мешаницата на Монца,казната на Луис Хамилтон поради прерано влегување во боксот по проблемите на Кевин Магнусен  а  после рестартот на прекината трка поради инцидентот на Лекпер ги издржа нападите на Карлос Сајнц од Мекларен.Гасли е првиот французинот после Оливие Пани од 1996 со Ф1 победа за што му беа потребни 55  трки во кариерата.Шпанецот Сајнц со пласман на 2.место го има најдобриот резултат во кариерата,канаѓанецот Строл по трет пат заврши најнискo на пиедесталот.Хамилтон кој имаше контрола на трката до првиот пит стоп ,заврши на 7.место зад Норис,Ботас и Рикардо а во пласман за бодови влегоа зад него и Окон,Квјат и Перез.Ферари имаше  тежок викенд на домашниот автодром.Фетел се откажа поради проблем со сопирачките,Леклер имаше страотно излетување на Параболика ,но мина без повреда.Следата трка ќе се вози повторно во Италија под наслов Гран При на Тоскана во  Муџело на 13  септември.Во поредок на возачи,Хамилтон има 167 бодови,47 повеќе од клупскиот колега во Мерцедес,Валтери Ботас.