Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем број фудбалери останаа без ангажман во Англија

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Од вчера 127 фудбалери во Премиер лигата ги завршија своите обврски кон клубовите и можат да ја сменат средината без обештетување. Бројката ќе беше поголема, но мал дел од нив добија понуди за краткорочно продолжување на соработката и во екипите ќе останат до крајот на продолжението од сезоната.

Меѓу оние кои ќе имаат ангажман уште неколку недели, а потоа ќе имаат статус на слободни играчи се Давид Силва од Манчестер Сити, Педро и Вилијан од Челзи како и играчот на Ливерпул, Адам Лалана.

Едно од најзвучните имиња кои останаа без ангажман е поранешниот голман на англиската репрезентација Џо Харт, кој не доби продолжување на договорот со Барнли, а без ангажман е и поранешниот бек на Ливерпул, Натаниел Клајн.

Без договор останаа уште Педро Забалета од Вест Хем, Арон Ленон во Барлни и Умар Ниасе од Евертон.