Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дебитантот во МОТО ГП класата,Бред Биндер возеше за историја за КТМ

/

пред 2246 дена

Сподели преку :

Јужноафриканецот Бред Биндер е сензационален победник на третата трка од сезоната во најсилната класа од СП во мотоциклизам што се возеше во Брно за ГН на Чешка.24 годишниот дебитант  кој го замени Жоан Зарко во тимот на КТМ,  со првиот подиум во кариерата му ја донесе и  првата победа на производителот од Австрија  во  премиерната класа.Прв подиум во МОТО ГП и за Франко Морбидели.Италијанцеот од Петронас Јамаха беше лидер во поголемиот дел од трката во Чешка,но во финишот беше побавен од Биндер,доволно за 2.место пред Жоан Зарко,пилотот  на Авинтија Дукати кој стартуваше од пол позиција.Валентино Роси финишираше на 5.место,зад Алекс Ринс од Сузуки.Победникот на првите две трки во Херез,Фабио Квартараро освои бодови со пласман  на 7.позиција но останува    водечки  во генералниот поредок.Французинот има 59 бода,17 повеќе од Маверик Вињалес,шпанецот на Јамаха кој денеска имаше катастрофална трка со финиш на 14.место.Сезоната  продолжува на 16 август во Австрија.