Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дејвис: Сакав да победиме иако за нас не беше важно

/

пред 1671 дена

Сподели преку :

Двојниот европски ракометен првак Вардар во голем стил ја заврши фазата по групи во Лигата на шампионите.

“Црвено-црните” во последниот меч од овој сегмент на елитното натпреварување триумфираа над Елверум со 39:30 и ја забележаа четвртата последователна победа.

Вардар одигра перфектно второ полувреме, посебно во самата завршница и на крајот сосема заслужено стигна до убедлива победа во дуелот против гостинот од Норвешка.

“Презадоволен сум од она што го остваривме во овие последни четири средби и што стигнавме до петтото место во групата. Сакав да победиме иако резултатот не беше премногу важен. Затоа и бев лут на полувремето, поради пристапот на играчите кој значително се подобри во второто полувреме, дури и во моментите кога губевме. Одличниот Томовски одбрани важни удари на противникот, а крилата исекоа многу топки, тоа беше клучот за нашиот успех”, изјави тренерот на Вардар, Давид Дејвис.

Во осминафиналето Вардар за противник го има стариот и добро познат ривал Веспрем.

ФОТО: Игор Паневски