Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Домаќинот Камерун во битка за третото место

/

пред 1702 дена

Сподели преку :

Купот на Африкански нации во фудбал полека се ближи до самата завршница. На турнирот во Камерун денеска ќе биде познат освојувачот на третото место.

Домаќинот на континенталниот шампионат очекуваше дека пред своите навивачи ќе стигне до шестиот триумф и по пет години повторно ќе се врати на тронот. Сепак елиминацијата во полуфиналето од рекордерот по бројот на пехарите Египет ќе се бори за третото место.

Само еден пораз и тоа по изведување на ударите од 11 метри го оддалечи главниот фаворит од битката за трофејот, а мечот за третата позиција ќе биде мала утеха за составот предводен од селекторот Тони Консеисао.

Од друга страна Буркина Фасо по пет години ќе се обиде повторно да ја освои бронзата и во својата колекција да додаде уште еден трофеј. Дуелот почнува во 20 часот, а утре на програмата е големото финале во кое се среќаваат Сенегал и Египет.