Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Елмас: Не смееме да ја пропуштиме шансата

/

пред 1657 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација попладнево заминува за Порто каде во вторник против селекцијата на Португалија ќе игра во финалето од баражот за пласман на Светското првенство.

По неполна година откако бевме дел од континенталниот шампионат сега имаме можност повторно да се најдеме на големата сцена и да настапиме на Мундијалот во Катар.

“Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудливите на сите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар. Ќе биде многу поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи Португалија индивидуално сметам е поквалитетна. Би сакал, но знаат дека сме во финале и не смеат да не потценат. Од секој аспект ќе биде поразлично, ова е финале и 90 минути нè делат двете репрезентации од Мундијал”, изјави Елиф Елмас кој откако го пропушти мечот во Палермо сега ќе биде во конкуренција место во стартната постава.

ФОТО: Игор Паневски