Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ериксен и Интер ја прекинаа соработката: Данецот сака да ја продолжи кариерата

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

Кристијан Ериксен и Интер денеска спогодбено го раскинаа договорот, бидејќи тој не може да ја продолжи кариерата во Италија.

Данскиот фудбалер има вграден дефибрилатор во срцето, а според италијанските закони, не може професионално да се занимава со спорт. Ериксен доживеа срцев удар за време на Европското првенство на дуелот помеѓу Данска и Финска. Благодарение на брзата реакција на дел од неговите соиграчи и на медицинските екипи фудбалерот беше спасен.

Ериксен пред извесно време почна повторно да тренира со неговиот матичен клуб Одензе. Тој може да ја продолжи кариерата во земји каде што не е забрането да игра со вграден дефибрилатор.