Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕХФ како и останатите: Нема ракомет за руските и белоруските клубови и репрезентации

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Европската ракометна федерација ги суспендираше сите руски и белоруски репрезентации, клубови и официјални лица.

Ракометните репрезентации на Русија и Белорусија се исклучени од квалификациите и големите натпреварувања, клубовите од овие две земји не смеат да играат во натпреварувањата под капата на ЕХФ, како Лигата на шампиони и Европската лига. Мешков Брест од Белорусија е ривал на нашиот Вардар во рамки на групата А во Лигата на шампиони. Засега ЕХФ не објасни дали ќе ги поништи досегашните резултати на Мешков во елитата или ќе останат да важат, а преостанатите натпревари ќе ги загуби со службен резултат.

Суспензијата исто така важи за официјалните лица, како делегати и судии.