Женскиот ракометен клуб Куманово во третото коло од ЕХФ купот ќе се соочи со украинскиот претставник Галичанка Лвов.
Првиот натпревар ќе се игра на 14 или 15 ноември во Украина, а реваншот е седум дена подоцна во Куманово.
Галичанка Лвов е еден тимовите кои во последниве две децении е редовен учесник во европските клупски натпреварувања и избраничките на тренерот Ненад Краљевски ќе имаат тешка задача да изборат пласман во следната фаза.











