Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИХФ ја разочара цела Македонија: Ракометарите нема да играат на СП во Египет

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација нема да учествува на Светското првенство во Египет идната година во јануари, откако Интернационалната ракометна федерација одлучи да не ни додели вајлд-карта за учество.

ИХФ двете специјални покани за учество на ракометниот мундијал ги испрати до Полска и Русија, што беше големо разочарување за македонската репрезентација и секако домашната спортска јавност.

Нашите ракометари не добија шанса на терен да се изборат за учество на Светското првенство идната година, бидејќи Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги поништи баражите поради коронавирусот. Македонија требаше да игра двомеч со Франција.

Наместо тоа, патниците на Мундијалот од Европа беа одредени според пласманот на репрезентациите учеснички на последното Европско првенство.  Нашата селекција финишираше на 15-тото место, а Франција која беше 14-та на конечната табела на турнирот се пласираше на Мундијалот.

Македонската репрезентација ќе пропушти Светско првенство по четири учества по ред, односно нема да играме на голем турнир по цели девет години, ако тука се сметаат и четирите Европски првенства по ред.