Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Квартараро на пол во Херез,Маркез се повлече од трката

/

пред 2261 дена

Сподели преку :

Победникот на минатонеделната трка во Херез,Фабио Квартараро беше најбрз во квалификациите на патеката во Шпанија  каде утре повторно ќе  се вози натпревар  по рестартот на сезоната во СП,но под наслов за Гран При на Андалузија.Французинот од екипата на Петронас беше за нијанса побрз од фабричкиот пилот на Јамаха,шпанецот Маверик Вињалес.За старт од првиот ред се избори и Мото 2 шампионот од 2018, италијанскиот  ас Франческо Бањаја  од тимот на Прамак Дукати.Валентино Роси, клупскиот колега на Вињалес  имаше 4-ти резултат што ја потенцира фаворитската улога на Јамаха за победа на утрешната трка.Актуелниот  светски шампион Марк Маркез кој се врати во седиштето на Хонда по само 4 дена од операцијата на десната рака,одбработи два тренинга но не и квалифиакциите. Алберто Пуиг од Репсол Хонда,изјави дека тимот нема  да ризикува и  Маркез ќе ја пропушти  утрешната  Гран При трка  на Андалузија.