Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Килде најбрз на супервелеслаломот во Квитфјел

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

Норвежанецот, Александер Омот Килде беше најбрз на супервелеслаломот што се одржа на негов терен во Квитфјел.

Тој на целта пристигна со време од 1 минута 25 секунди и 91 стотинка и за само седум стоти дела беше побрз од Џејмс Крофорд од Канада додека третото место му припадна на Австриецот, Матијас Мајер кој на крајот заостана 12 стотинки.

Со денешниот триумф Килде се зацврсти на првото место во редоследот за супервелеслалом со 480 бода пред Мајер со 350 додека трет е Марко Одермат со 322.

Швајцарецот Одермат и натаму убедливо води во генералниот пласман за Светскиот куп со 1239 бода, 189 повеќе од Килде, а на третата позиција е Мајер со 836.