Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарите повторно поразени од Грузија

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Македонската кошаркарска репрезентација и во четвртиот настап во квалификациите за Светското првенство забележа пораз, овој пат во Скопје не совлада селекцијата на Грузија со 75:69.

Нашите кошаркари имаа одлична можност на домашен терен да стигнат до првиот триумф, но по серија грешки и промашувања во завршниот период противникот успеа да направи разлика што беше доволна за победа.

Нашите кошаркари добро го отворија натпреварот и во првиот период бевме во константно водство кое по истекот на почетните 10 минути беше три поени.

И во продолжението од мечот бевме рамноправен противник, но Грузијците полека но сигурно го преземаа водството и на одмор заминаа со предност од 43:35.

Во второто полувреме Грузија беше постојано во водство, но во самата завршница се доближивме на негатива од само три поени и  кога се очекуваше пресврт, промашивме премногу зицери и скапо ги плативме грешките во нападот кои гостите ги искористија и славеа со 75:69.

Ненад Димитријевиќ мечот го заврши со 25 поени и седум скока, Војдан Стојановски забележа 13 поени додека Бојан Крстевски имаше учинок од 11 поени и осум освоени топки.

На спротивната страна најефикасен со 24 поени беше Мекфаден.