Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман на вчерашниот натпревар против Ваљадолид поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот.
Французинот се пожалил на болки во бутниот мускул и по првите прегледи лекарите прогнозираат дека ќе мора паузира најмалку две недели што значи дека нема да може да настапува во последните кола од Ла Лига.
Гризман се очекува со тренинзи да продолжи на почетокот од август и би требало да биде дел од екипата за настапите во Лигата на шампионите.











