35-годишниот фудбалер за врска ,Санти Казорла ќе му се придружи на поранешниот другар од репрезентација на Шпанија,Чави Ернандез во Катарскиот Ал-Саад, каде легендарниот фудбалер на Барселона е во улога на тренер.Санти Казорла постигна 11 гола во штотуку завршеното Шпанско првенство, и му помогна на Виљареал да освои место во Лигата на Европа. Жолтата подморнца го совлада Еибар со 4: 0 во неделата, а Казорла со асистенција при првиот гол, се одјави од европскиот фудбал.Ал-Саад ќе биде петтиот клуб во неговата кариера,по ангажманите во Виљареал, Арсенал, Малага и Рекреативо Хуелва.











