Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас објави крај на кариерата

/

пред 2251 дена

Сподели преку :

На возраст од 39 години Икер Касиљас, денеска официјално објави дека ја завршува играчката кариера.Легендата на Реал Мадрид,се пензионира од редовите на Порто со титула Светски шампион и два наслови Европски првак како голман и капитен  на Шпанија, со 167 настапи во националниот дрес.Касиљас со Реал Мадрид освои три титули во ЛШ како  и пет наслови во  првенството  на Шпанија во период од 16 сезони, со 725 настапи за Кралскиот клуб.Претседателот на Реал Флорентино Перез изјави:

Касиљас е еден од најголемите симболи на Реал Мадрид.Ние, мадридистите сме особено горди што еден од нашите капитени беше лидер и на Шпанската селекција.Тој доје во клубот како дете на возраст од 9 години,тука порасна и  стана референца за сите фудбалски фанови.

 

Касиљас мината сезона претрпе срцев удар,брзо се врати на терен но не запиша настап за Порто кој му понуди место во стручниот штаб.