Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул побара навивачите да не се собираат околу Енфилд

/

пред 2265 дена

Сподели преку :

Во пресрет на утрешниот дуел против Челзи на кој на фудбалерите на Ливерпул ќе им додели шампионскиот трофеј, клубот побара од своите навивачи да не се собираат околу стадионот и низ градските улици.

Свој удел во спречувањето на масовните собири кои можат да придонесат за влошување на епидемиолошката ситуација во градот ќе има телевизиската станица Скај Спортс која бесплатно ќе врши директен пренос од доделувањето на трофејот.

Полицијата во Ливерпул соопшти дека ќе бидат превземени дополнителни мерки се со цел да се запазат сите препораки на здравствените власти во земјата.

Реакцијата доаѓа откако минатиот месец кога Ливерпул математички ја обезбеди титулата, прва по пауза од 30 години низ улиците на градот се собраа илјадници навивачи кои не почитуваа ниту една мерка за заштита.