Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија отвора против Ерменија во Скопје

/

пред 2290 дена

Сподели преку :

УЕФА ги потврди терминуте за одигрување на натпреварите од второто издание на Лигата на нации каде противници ни се репрезентациите на Ерменија, Естонија и Грузија.

Македонската селекција првиот настап го има на петти септември против Ерменија во Скопје,а почетокот е закажан за 15 часот. Три дена подоцна гостуваме во Грузија, а тој дуел стартува во 18 часот.

Во третото коло на 11 октомври во Талин ќе се соочиме со репрезентацијата на Естонија додека на 14-ти во Скопје ќе ја пречекаме Грузија, а дуелот почнува во 20 часот и 45 минути.

Во петтата рунда на 15 ноември сме домаќини на Естонија и овој меч стартува во 15 часот, а во последното коло на 18 ноември противник ни е Ерменија.