Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонската репрезентативка Ливриниќ позитивна на ковид-19

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентативка Eлена Ливриниќ, која игра за романската екипа Глорија Бузау е позитивна на коронавирус, објавуваат тамошните медиуми.

Во понеделникот во Романија биле направени тестови на ковид-19 на сите ракометарки од прволигашите , кои започнаа подготвките за новата сезона. За жал два теста биле позитивни меѓу кои и тој на нашата репрезентативка. Заразена со коронавирусот е уште една ракометарка од екипата на Крајова.

Ливриниќ веднаш е сместена во изолација, а како мерка на претпазливост во изолација се и нејзината цимерка од тимот, како и двајцата клупски масери, кои имале контакт со Македонката.

Централниот бек на нашата репрезентација настапува во романскиот шампионат уште од 2016 година, кога направи трансфер од Металург.  Играше во Данубиос Галати до 2019 година, а лани го носеше дресот на Динамо Букурешт. За Глорија Бузау потпиша оваа година.