Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Медведев со победа го прослави првото место на АТП

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

На тенискиот турнир во Акапулко познати се полуфиналните двојки. Првиот носител Данил Медведев во два сета со 6:2 и 6:3 славеше во дуелот против Јошихито Нишиока.

Фаворитот број 3, Стефанос Циципас исто така во два сета го елиминираше Маркос Џирон. Рафаел Надал беше поуспешен од Томи Пол и пласман меѓу четирите најдобри обезбеди со победа од 6:0 и 7:6 додека Камерон Нори триумфираше во соочувањето против Петер Гојовчик препуштајќи му на противникот само еден гем.