Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мекиќ се врати во старото јато: Потпиша за МЗТ Скопје

/

пред 2279 дена

Сподели преку :

Повремениот македонски репрезентативец, Адем Мекиќ е нов кошаркар на МЗТ Скопје.

Тој се враќа во „Јане Сандански“ по три сезони, откако го носеше дресот на „металците“ во периодот од 2014 до 2017 година и освои три шампионски трофеи и два трофеи во Купот. Потоа играше две сезони за Куманово, а изминатата натпреварувачка година ја мина во дресот на Пелистер.

Мекиќ официјално е второто летно засилување за МЗТ по Филип Бакоч. Во тимот следната сезона ќе играат и капитенот Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски.