Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ поразен од Златибор во последното коло од регуларниот дел во АБА2

/

пред 1653 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз од Златибор го заокружија турнирот во Широки Брег, а со тоа и регуларниот дел од сезоната во АБА2-лигата. И покрај негативниот резултат македонскиот шампион во плејофот влегува како првопласиран на табелата. Завршниот турнир ќе се одржи во Скопје.

„Металците“ на претходниот натпревар и победата во дербито против Борац го обезбедија првото место на табелата, па денеска на паркетот излегоа преопуштено. Златибор го искористи тоа да поведе со огромни 17 разлика во првата четвртина. Во вториот период разликата беше и највисоки +20 за српскиот тим, а на полувремето резултатот гласеше 44-35. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ одиграа многу подобро во второто полувреме, а во финишот дојдоа и до израмнување 82-82. Победникот беше решен во последните 20-тина секунди, а Земун славеше со 88-84.

Војдан Стојановски доби поштеда на овој натпревар, па Адем Мекиќ со 19 поени и 11 скока беше најдобар во редовите на МЗТ, а Немања Милошевиќ постигна 17 поени. Душан Кутлешиќ со 25 поени најмногу се истакна кај Златибор.

Нашиот тим како првопласиран во регуларниот дел од сезоната со 10 победи и три порази во плејофот ќе игра со осмопласираниот тим на табелата, а тоа ќе биде поразениот од пресметката помеѓу Младост и Сутјеска што се игра вечерва. Завршниот турнир се игра во „Јане Сандански“ во Скопје од 13 до 17 април.