Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нирбургринг и Имола се враќаат во Формула 1

/

пред 2262 дена

Сподели преку :

Челниците на Формула 1 го обновија сезонскиот календар со три нови трки, кои ќе се одржат во октомври и повторно во Европа.

На 11 октомври ќе се вози во Германија на легендарната патека „Нирбургринг“. Потоа Формула 1 оди во Португалија на патеката „Алгарве“ во Портимао на 25 октомври, додека последниот викенд од овој месец ќе биде резервиран за трка во Имола на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“.

Португалија ќе биде домаќин на Ф1 трка за прв пат по 1996 година, а последните трки на „Нирбургринг“ и во Имола се одржаа во 2013, односно 2006 година.

Ова значи дека календарот се зголеми на вкупно 13 трки, од кои три веќе завршија. Формула 1 информираше дека сезонава дефинитивно нема да се вози во Северна и Јужна Америка поради тешката ситуација со ковид-19 на овие континенти. Тоа значи дека отпаѓаат трките во Бразил, Мексико, САД и Канада.

Формула 1 очекува ревидираниот календар за оваа сезона да се состои од 15 до 18 трки, а финалето сигурно ќе биде на Блискиот Исток, но засега не се знае точно каде. Следната трка е на 2 август за големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“.