Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново масовно тестирање пред ЗОИ во Пекинг

/

пред 1712 дена

Сподели преку :

Градските власти во Пекинг на неполни две недели пред почетокот на Зимските олимписки организираа ново масовно тестирање на жителите и се очекува да се опфатат околу три милиони луѓе.

Според последните резултати од тестирањето регистрирани се 14 нови позитивни случаи на инфекција додека во сите провинции каде ќе се одржуваат натпреварувањата забележани вкупно 50 позитивни резултати.

Според последните анализи во последниве десет дена од вкупниот број на позитивни 55 се инфицирани со омикрон варијантата, а поради се уште малите бројки организаторите не стравуваат дека за време на Зимските олимписки игри бројот на инфицирани драстично ќе се зголеми.

Организаторите соопштија дека е регистриран првиот позитивен резултат меѓу членовите на делегациите кои пристигнале во Пекинг. Инфекцијата е регистрирана кај член на Интернационалниот олимписки комитет и тој веднаш е сместен во изолација.

До овој момент направени се вкупно 33.441 тест од кои позитивни се 72, но ниту еден од нив не е спортист или тренер туку станува збор за персонал кој е ангажиран во трите олимписки села.