Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов пораз на ракометарките: Словенија во вториот дел ја скрши Македонија

/

пред 1674 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација го запиша и четвртиот пораз на исто толку натпревари во ЕХФ Евро Купот. Нашите ракометарки вечерва загубија од Словенија во Скопје со 20-27.

По минималниот пораз во Марибор во четвртокот од 28-29, Македонија се понадева дека може да ја изненади Словенија во арената „Борис Трајковски“. Иако во првото полувреме бевме близу до противникот, кој  постојано водеше, ни не со повеќе од три разлика. На полувремето беше 11-13 за гостинките.

Имавме лош старт на вториот дел, кога и` дозволивме на Словенија да направи серија од 1-6 и да поведе со 13-20. Тука веќе беше јасно дека Словенија по втор пат ќе ја совлада Македонија, па нашите ракометарки иако одиграа максимално до крај сепак не можеа да ја намалат разликата. Конечниот резултат беше 20-27.

Сара Ристовска со седум голови беше најефикасна во редовите на нашиот состав, додека Леонида Гичевска постигна четири. Кај Словенија Ана Грос беше најефикасна со седум голови.

Во месец април ЕХФ Евро Купот го завршуваме со двомче со Норвешка, која има максимални четири победи.