Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Норвежаните со забрана за руските спортисти

/

пред 1681 дена

Сподели преку :

Норвешката скијачка федерација објави дека нема да им дозволи на руските спортисти да настапуваат на меѓународните натпреваувања што ќе се одржат во следниов период.

Извршниот комитет на федерацијата соопшти дека поради инвазијата врз Украина нема да им дозволи на руските спортисти да бидат дел од натпреварувањата кои во следниот период ќе се одржат на територијата на Норвешка.

Кршењето на меѓународното право од страна на Русија мора да биде санкционирано и затоа ние не сакаме спортисти од оваа земја да настапуваат кај нас, се вели во соопштенито.

Норвешка во следниве недели е домаќин на неколку натпреварувања во зимски спортови и тоа во алпско и нордиско скијање, ски скокови и нордиска комбинација.