Се поизвесно е дека Пјер Емерик Обамејанг летово ќе си замине од Арсенал. Репрезентативецот на Габон за продолжување на договорот барал зголемување на неделната плата од 180 на 250.000 фунти, но откако добил негативен одговор тој најавил дека ќе го напушти клубот.
Во моментов интерес за 31 годишниот напаѓач покажаа Барселона, Интер, Челзи и Реал Мадрид, а за предвремен раскин на договорот Арсенал бара обештетување од 50 милиони фунти.











