Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарите атакуваат на нова победа во квалификациите

/

пред 2088 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево од 18 часот во А1 арената Борис Трајковски против селекцијата на Босна и Херцеговина ќе го одиграат можеби решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство.

И покрај поразот во вчерашниот дуел со Турција во кој успеавме да освоиме еден сет денеска ни е потребна победа за потврда на второто место во групата.

Македонија е фаворит, формата на одбојкарите е во нагорна линија и реално е да се очекува триумф по кој ќе бидеме на чекор до пласман на уште едно големо натпреварување.

Во првиот меч во понеделникот нашата селекција славеше со 3:1, а во овој дуел задачата ќе биде и полесна бидејќи веќе добро го познаваме противникот кој на почетокот беше релативно непознат со оглед на фактот дека Босна и Херцеговина во Скопје допатува во изменет состав.

Натпреварот од 4. коло на турнирот почнува во 18 часот.