Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одермат во Аделбоден до четврта сезонска победа во велеслалом

/

пред 1729 дена

Сподели преку :

Марко Одермат донесе голема радост за домашната публика во Аделбоден и го прекина 14-годишниот пост на Швајцарците во овој ски-центар во рамки на Светскиот Куп во алпско скијање.

Тој денеска доминантно славеше на велеслаломската трка со вкупно време од 2:34,45 минути. За швацарскиот скијач ова беше четврта сезонска победа.

Австриецот Мануел Фелер беше втор со 48 стотинки задоцнување, додека трет беше Алексис Пантуро од Франција.

Одермат со четири победи од пет трки, очекувано лидер во велеслалом со 480 бодови, а исто така е прв и во генералниот поредок со 845 бодови, пред Алексадер Амод Килде кој има 469 бодови.

Утре во Аделбоден се вози слаломската трка.