Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поголем број на хоспитализации за време на ЛОИ

/

пред 1830 дена

Сподели преку :

Првиот човек на Организацискиот комитет на Летните олимписки игри во Токио, Тоширо Муто соопшти дека за време на натпреварувањето имало пет пати повеќе хоспитализирани лица инфицирани од Ковид-19 од официјалната бројка.

Муто истакна дека биле регистрирани 25 хоспитализации наместо пријавените пет. Шефот на организацискиот комитет се правда со фактот дека петте пријавени се странци, а оние што не се влезени во официјалната статистика се Јапонци и дека бројката на инфицирани не влијаела врз епидемиолошката состојба со оглед на фактот дека на почетокот од август во земјата биле регистрирани 25.000 позитивни случаи на ден на територијата на цела Јапонија.