Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПОК го забрани настапот на спортистите од Русија и Белорусија

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Само 24 часа откако челниците на Интернационалниот параолимписки комитет објави дека спортистите од Русија и Белорусија ќе настапат како неутрални спортисти денеска организацијата ја смени одлуката.

Очигледно дека резултат за овој потег се критиките кои голем број членки на параолимпиското движење изразија незадоволство од претходната одлука и се заканија со бојкот.

Првиот човек на Параолимпискиот комитет Ендрју Парсонс изјави дека е убеден дека политиката и спортот не треба да се мешаат, дека спортистите немаат вина за војната, но на барање на голем број на членки донесена е одлука за забрана на настап.

Тој истакна дека атмосферата во олимписките села била неодржлива и постоела голема можност за ескалација. Зимските параолимписки игри во Пекинг почнуваат утре, а треба да настапат 600 натпреварувачи од 49 земји.