Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пол позиција за Фестапен во Остин

/

пред 1805 дена

Сподели преку :

Водечкиот во генералниот пласман Макс Фестапен ја освои пол позицијата пред денешната трка за Големата награда на САД што ќе се вози во Остин.

Холанѓанецот до деветтата пол позиција сезонава стигна со 209 илјадити дела од секундата подобар резултат од Луис Хамилтон додека третото место му припадна на неговиот тимски колега Серхио Перез. Вечерашната трка од вториот ред ќе ја почне Валтери Ботас кој квалификациите ги заврши како четврти.

Од третиот ред ќе стартуваат Шарл Леклерк и Карлос Саинз додека зад нив е двоецот на МекЛарен, Даниел Рикиардо и Ландо Норис.

Меѓу десетте најдобри квалификациите ги завршија Пјер Гасли и Јуки Цунода. Стартот на трката од формула 1 шампионатот е закажан за 21 часот.