Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пораз на Голден Стејт, Феникс подобар од Милвоки

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Њујорк го совлада Голден Стејт на второпласираниот тим на Западот му го нанесе вториот последователен пораз. Лидерот, Феникс триумфираше во дуелот против Милвоки.

Њујорк како гостин го совлада Голден Стејт со 116:114. Џулиус Рендл мечот го заврши со 28 поени, 16 скока и 7 асистенции, а Еван Фурние беше стрелец на 22 поени. Во поразениот тим Стефон Кари имаше учинок од 35 поени и 10 додавања додека Џонатан Камингс впиша 17 поени и пет освоени топки под обрачите.

Феникс забележа победа од 131:107 во мечот против Милвоки. Деандре Ајтон имаше 27 поени и седум скока додека Крис Пол додаде 17 поени и 19 асистенции. На спротивната страна Џру Холидеј и Крис Мидлтон постигнаа по 21 поен.

Во останатите натпревари: Детроит – Мемфис 107:132, Њу Орлеанс – Мајами 97:112, Вашингтон – Бруклин 113:112, Хјустон – Торонто 120:139 и Далас – Лос Анџелес Клиперс 112:105.