Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По две децении Барселона се сели во Лига Европа

/

пред 1760 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Барселона не успеаа да направат сензација на гостувањето во Минхен и по поразот од Баерн од 3:0, Каталонците за прв пат по 2000 година се елиминирани уште во првата фаза од шампионската лига и настапот го продолжуваат во Лига Европа.

Вториот патник во елиминациската фаза од Е групата е Бенфика која славеше над киевски Динамо со 2:0.

Пласман во осминафиналето од Г групата обезбедија Лил и Салцбург. Првакот на Франција триумфираше со 3:1 на гостувањето против Волфсбург додека Салцбург забележа победа од 1:0 во соочувањето со Севилја.

Манчестер Јунајтед освои само бод во дуелот против Јанг Бојс, но и тоа беше доволно “Црвените ѓаволи” да го потврдат првото место во групата.

Вториот патник во осминафиналето ќе биде познат утре откако е одложен мечот меѓу Аталанта и Вилјареал.

И во Х конкуренцијата Јувентус славеше над Малме со 1:0, а првото место во групата го освои откако Челзи освои само бод на гостувањето против Зенит, кој со погодок во последните моменти од натпреварот стигна до израмнување од 3:3.

ФОТО: Игор Паневски