Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв случај на Ковид-19 помеѓу возачите во Формула 1

/

пред 2256 дена

Сподели преку :

На еден ден пред почетокот на официјалните тренинзи на патеката „Силверстоун“ пред трката за големата награда на Велика Британија, во Формула 1 се појави првиот позитивен случај на ковид-19 помеѓу возачите.

Серхио Перез е позитивен на коронавирусот и дефинитивно ќе го пропушти неделното гран при. Возачот на Рејсинг Поинт веднаш заминал во самоизолација и моментално нема никакви симптоми на болеста. Во изолација се сите негови блиски соработници.

Овој прв позитивен случај меѓу возачите во Формула 1 нема да има никакво влијание врз одржувањето на трката на „Силверстоун“  и програмата ќе продолжи според планираното, бидејќи Перез воопшто не ни бил на патеката откако се вратил од одморот од Мексико.

Рејсинг Поинт утре ќе одлучи кој од резервните возачи ќе го замени во болидот за претстојниот викенд.