Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рајо има 17 позитивни на Ковид-19 и бара одложување на дуелот со Атлетико

/

пред 1740 дена

Сподели преку :

Коронавирусот силно го нападна најголемото изненадување сезонава во Ла Лига, Рајо Валјекано.

Тимот за кој игра македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски објави дека во своите редови има дури 17 позитивни случаи на Ковид-19. Најголем дел од заболените се играчи, а само неколку членови на стручниот штаб.

Засега не се познати имињата на позитивните играч и дали нашиот голман е меѓу нив. Рајо ќе побара одложување на неделниот натпревар со Атлетико Мадрид во рамки на 19.коло во Ла Лига.