Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сити без Агуеро против Реал Мадрид

/

пред 2259 дена

Сподели преку :

Серхио Агуеро се уште не се рехабилитирал по повредата на коленото и нема да биде во комбинација за реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Аргентинецот се повреди на мечот против Барнли, а лекарите се уште не сакаат да ризикуваат со неговото предвремено враќање на теренот и поради тоа препорачаа тој да мирува и во следниве неколку дена. Натпреварот со Кралскиот клуб, Манчестер Сити го игра на седми август и има предност од 2:1.